Увозниците на месо и месни производи во Македонија добија нова платформа за заштита на нивните интереси. Здружението ги обединува сите увозници со цел заштита на економските интереси, унапредување на регулативите и промовирање на безбедни и професионални деловни практики.

„Нашата мисија е да им овозможиме на членовите силен глас во индустријата, пристап до информации за важни промени во закони и стандарди и поддршка во секојдневните деловни активности“, истакнуваат од здружението.

Секој кој увезува месо и месни производи сега може да се приклучи и да стане дел од здружението, да учествува на семинари, трибини и конференции и да ја зајакне својата позиција во секторот.

Здружението е отворено за сите компании кои сакаат да ја унапредат својата работа и да придонесат кон развој на безбедни и професионални практики во индустријата.