Здружението, во рамките на своите законски надлежности и согласно важечката законска регулатива, остварува континуирана соработка со државните органи, надлежните министерства, агенции и Царинската управа, преку стручна и консултативна комуникација.

Соработката се реализира преку учество во јавни расправи, консултативни процеси, работни тела и други форми на институционален дијалог, со цел унапредување, хармонизација и правилна примена на законите, подзаконските акти, правилниците и регулативите што ја уредуваат релевантната област.

Здружението дејствува со цел заштита на легитимните интереси на своето членство, унапредување на деловното опкружување, јакнење на правната сигурност и транспарентноста, како и усогласување со националните и применливите меѓународни стандарди, без да навлегува во надлежностите на државните органи.

За сите актуелни средби, состаноци, настани договори, преговори и тековни случувања ќе бидете благовремено известени на официјалнава веб страна. 

Ви благодариме на соработката и дадената доверба.