На седницата на Основачкото Собрание на Здружението за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје, одржана на 11 ноември 2025 година, беше донесена одлука за именување на Тони Чаловски за претседател.
Во својство на претседател, Чаловски ќе го застапува здружението во сите правни и деловни активности, а неговиот мандат трае четири години со право на повторен избор.
Ова именување ја потврдува посветеноста на здружението кон заштита на интересите на увозниците на месо и унапредување на професионалните стандарди во секторот.
