Почитувани членови,
Ве информираме дека беше одржана организирана работна средба каде бевме поканети и ние како Здружение, во врска со предложени измени на Законот за здруженија и фондации, организирана преку Министерството за правда, во интерес на сите здруженија и нивните членови.

На средбата беа разгледани потребите и предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, со цел:
✔ олеснување на административните постапки
✔ подобрување на правната и институционалната рамка
✔ создавање поповолни услови за работа и заштита на правата на членовите
Сите активности се насочени кон зајакнување на улогата и интересите на здруженијата и нивните членови.
За следните чекори ќе бидете навремено информирани.

Со почит,
Тони Чаловски
Претседател – АЛИМЕНТАРИА

Во рамки на активностите, беше остварена и непосредна средба со личниот советник од 
Кабинетот на министерот за правда, г. Игор Филков, при што беа разменети искуства и отворен простор за понатамошна соработка со нашето здружение, со цел изнаоѓање конкретни решенија за сите потреби и предизвици со кои се соочуваат увозниците на месо.

Сите изнесени ставови и предлози се насочени кон подобрување на законската рамка, олеснување на административните постапки и заштита на интересите на нашето членство.