Здружението на увозници ќе  оствари континуирана и институционална соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија, во рамки на своите законски надлежности и цели.

Соработката опфаќа размена на информации, усогласување на ставови и учество во процеси поврзани со примена и унапредување на законската и подзаконската регулатива од областа на безбедноста на храната, ветеринарното здравство, увозно-извозните постапки и контролите при промет на производи од животинско и неживотинско потекло соодветните анализи и практики.

Здружението активно ќе учествува во иницијативи, работни средби и консултативни процеси со Агенцијата за храна и ветеринарство, со цел унапредување на деловната клима, обезбедување правна сигурност за увозниците и доследна примена на националните и европските стандарди.

Преку оваа соработка ќе се допринесе кон воспоставување транспарентна, ефикасна и законски усогласена деловна практика, како и заштита на јавниот интерес, здравјето на потрошувачите и фер пазарна конкуренција

Наскор ќе биде доставен предлог иницијатива да се потпише меморандум за меѓусебна соработка каде ќе се зајакне институционалната соработка и соодветна имплементација на законите, регулативите и целокупната постапка.