И З Ј А В А
од застапник по закон
Јас, долупотпишаниот Тони Чаловски, со единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ) --------- и адреса на живеење на ---------, како иден овластен застапник по закон – претседател на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје, со идно седиште на Ул. Даме Груев бр. 5, Скопје, кое ќе биде основано во иднина, под целосна морална, материјална и кривична одговорност,
И З Ј А В У В А М
1. дека не ми е ограничена или одземена деловната способност, ниту пак постојат други законски пречки да се јавам како Претседател на здружението на граѓани и потврдувам дека вршењето на дејноста на Здружението е во согласност со закон и се исполнети условите за основање и упис на истото.
2. Дека ја прифаќам должноста Претседател – застапник по закон на Здружението и ќе ги извршувам сите работи согласно законските прописи, Статутот и другите акти на Здружението.
3. Дека Актот за основање и Статутот на Здружението, како и сите нивни измени и дополнувања, се во целосна согласност со одредбите на Законот за здруженија и фондации.
4. Дека сите податоци наведени во Пријавата за упис на промени во Регистарот на други правни лица при Централниот регистар на Република Северна Македонија, како и во сите прилози доставени кон истата, се вистинити, точни и автентични.
5. Дека за вршење на целите и дејностите наведени во Статутот на Здружението се исполнети сите услови пропишани со закон.
6. дека документите дадени во прилог на пријавата се вистинити.
Оваа изјава ја давам доброволно и без принуда и истата е наменета да послужи како доказ во постапката за упис на промени на податоци за Здружението во надлежниот регистар.
Датум: 11.11.2025 година
Место: Скопје
Давател на изјавата Тони Чаловски