Врз основа на член 42, став 4 од Законот за здруженија и фондации, Основачкото собрание на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје, на седницата одржана на 11.11.2025 година, ја усвои следната:
ПРОГРАМА ЗА РАБОТА
Воведен дел
Оваа програма ги утврдува основните насоки, активности и проекти кои Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје ќе ги реализира со цел остварување на своите статутарни цели. Програмата е отворен документ кој ќе се дополнува и прилагодува во согласност со потребите на членството и условите на пазарот.
Стратешки цели:
Цели на здружението се: * Застапување и заштита на заедничките економски и професионални интереси на увозниците на месо и месни производи. * Унапредување на условите за работа и развој на дејноста увоз на месо и месни производи. * Обезбедување на трговска заштита на членовите. * Меѓународно следење на регулативите за увоз на месо и нивна имплементација (ЕУ, ЦЕФТА, СТО).. * Воспоставување соработка со сродни здруженија од соседството и пошироко. * Активна комуникација и соработка со државните институции (Министерство за економија, Министерство за финансии, Царинска управа, Агенција за храна и ветеринарство, Државен пазарен инспекторат). * Институционална соработка за унапредување на закони, правилници и постапки. * Промовирање на добри деловни практики и стандарди за безбедност на храна.
Програмски активности:
За остварување на своите цели, здружението ќе ги врши следниве дејности: * Организирање на состаноци, трибини, семинари и конференции за прашања од интерес на членките. * Подготвување и доставување на предлози, иницијативи и мислења до надлежните државни органи за измена и дополнување на законската и подзаконската регулатива. * Информирање на членките за сите релевантни промени во домашните и меѓународните прописи. * Издавање на публикации, брошури и други информативни материјали. * Воспоставување соработка со домашни и странски организации и институции. * Обезбедување стручна помош и консултации за своите членови. * Вршење на други активности во согласност со закон
Временска рамка: Оваа програма се однесува на периодот од основањето на Здружението и ќе се ревидира на годишно ниво од страна на Собранието.
Датум: 11.11.2025 година Место: Скопје
Претседател на здружението/Претседавач на собрание, Тони Чаловски, с.р.