ЗАПИСНИК
од Основачко собрание на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје Одржано на ден 11.11.2025 година, со почеток во 11:00 часот, во Скопје, на ул. Даме Груев бр. 5.
Присутни основачи: 1. Тони Чаловски 2. ПЛУС НЕТВОРК ДООЕЛ, преку овластен претставник Никола Филипче, 3. ФИБО КОМЕРЦ ТРЕЈД ДООЕЛ, преку овластен претставник Никола Питов 4. ТЕРРА ФООД ГРОУП ДОО, преку овластен претставник Хаљим Бекири 5. ЈУС МБ ДООЕЛ, преку овластен претставник Јусуф Јусуфи.
Констатирано е дека се присутни сите основачи, со што постои кворум за работа и полноважно одлучување.
За претседавач на собранието едногласно е избран Тони Чаловски. За записничар е избран Никола Филипче.
Предложен е следниот: ДНЕВЕН РЕД 1. Донесување Одлука за основање на здружение. 2. Донесување на Акт за основање на здружението. 3. Донесување на Статут на здружението. 4. Донесување на Програма за работа на здружението . 5.Избор на Претседател и застапник на здружението. 6. Разно.
Дневниот ред беше едногласно усвоен.
По точка 1: Претседавачот ја образложи потребата и целите за основање на здружението. По кратка дискусија, основачите едногласно ја донесоа Одлуката за основање на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје.
По точка 2: Беше презентиран предлог-текстот на Актот за основање. Основачите едногласно го усвоија Актот за основање на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје.
По точка 3: Беше презентиран и детално разгледан предлог-Статутот на здружението. По дискусија и вградување на предлозите, основачите едногласно го усвоија Статутот на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје.
По точка 4: Беше презентирана и детално разгледана предлог-Програмата за работа на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје. По дискусија и вградување на предлозите, основачите едногласно ја усвоија Програмата
По точка 5: За Претседател и застапник на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје, со мандат од 4 години, едногласно беше избран Тони Чаловски.
По точка 6: Немаше предлози за дискусија.
Собранието заврши со работа во 12:00 часот.
Претседавач, Тони Чаловски
Записничар, Никола Филипче
Оверувач на записникот Халим Бекири:
Оверувач на записникот Никола Питов: