Врз основа на член 15 и 16 од Статутот на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје, основачкото Собрание на седницата одржана на 11.11.2025 година, ја донесе следнава:
Член 1
За Претседател на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје се именува Тони Чаловски, со ЕМБГ ---------, со живеалиште на -------------.
Член 2
Именуваниот во член 1 од оваа одлука, во својство на Претседател, го претставува и застапува здружението во правниот промет со трети лица, без ограничувања во рамките на дејноста на здружението.
Член 3
Мандатот на Претседателот трае 4 (четири) години, со право на повторен избор.
Член 4
Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето и ќе се достави до Централниот регистар на РСМ за упис во Регистарот на други правни лица.
Во Скопје, 11.11.2025 година
Претседател на здружението и Претседавач на основачкото собрание, Тони Чаловски
од застапник по закон
Јас, долупотпишаниот Тони Чаловски, со единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ) --------- и адреса на живеење на ---------, како иден овластен застапник по закон – претседател на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје, со идно седиште на Ул. Даме Груев бр. 5, Скопје, кое ќе биде основано во иднина, под целосна морална, материјална и кривична одговорност,
И З Ј А В У В А М
1. дека не ми е ограничена или одземена деловната способност, ниту пак постојат други законски пречки да се јавам како Претседател на здружението на граѓани и потврдувам дека вршењето на дејноста на Здружението е во согласност со закон и се исполнети условите за основање и упис на истото.
2. Дека ја прифаќам должноста Претседател – застапник по закон на Здружението и ќе ги извршувам сите работи согласно законските прописи, Статутот и другите акти на Здружението.
3. Дека Актот за основање и Статутот на Здружението, како и сите нивни измени и дополнувања, се во целосна согласност со одредбите на Законот за здруженија и фондации.
4. Дека сите податоци наведени во Пријавата за упис на промени во Регистарот на други правни лица при Централниот регистар на Република Северна Македонија, како и во сите прилози доставени кон истата, се вистинити, точни и автентични.
5. Дека за вршење на целите и дејностите наведени во Статутот на Здружението се исполнети сите услови пропишани со закон.
6. дека документите дадени во прилог на пријавата се вистинити.
Оваа изјава ја давам доброволно и без принуда и истата е наменета да послужи како доказ во постапката за упис на промени на податоци за Здружението во надлежниот регистар.
Датум: 11.11.2025 година
Место: Скопје
Давател на изјавата Тони Чаловски
од Основачко собрание на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје Одржано на ден 11.11.2025 година, со почеток во 11:00 часот, во Скопје, на ул. Даме Груев бр. 5.
Присутни основачи: 1. Тони Чаловски 2. ПЛУС НЕТВОРК ДООЕЛ, преку овластен претставник Никола Филипче, 3. ФИБО КОМЕРЦ ТРЕЈД ДООЕЛ, преку овластен претставник Никола Питов 4. ТЕРРА ФООД ГРОУП ДОО, преку овластен претставник Хаљим Бекири 5. ЈУС МБ ДООЕЛ, преку овластен претставник Јусуф Јусуфи.
Констатирано е дека се присутни сите основачи, со што постои кворум за работа и полноважно одлучување.
За претседавач на собранието едногласно е избран Тони Чаловски. За записничар е избран Никола Филипче.
Предложен е следниот: ДНЕВЕН РЕД 1. Донесување Одлука за основање на здружение. 2. Донесување на Акт за основање на здружението. 3. Донесување на Статут на здружението. 4. Донесување на Програма за работа на здружението . 5.Избор на Претседател и застапник на здружението. 6. Разно.
Дневниот ред беше едногласно усвоен.
По точка 1: Претседавачот ја образложи потребата и целите за основање на здружението. По кратка дискусија, основачите едногласно ја донесоа Одлуката за основање на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје.
По точка 2: Беше презентиран предлог-текстот на Актот за основање. Основачите едногласно го усвоија Актот за основање на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје.
По точка 3: Беше презентиран и детално разгледан предлог-Статутот на здружението. По дискусија и вградување на предлозите, основачите едногласно го усвоија Статутот на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје.
По точка 4: Беше презентирана и детално разгледана предлог-Програмата за работа на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје. По дискусија и вградување на предлозите, основачите едногласно ја усвоија Програмата
По точка 5: За Претседател и застапник на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје, со мандат од 4 години, едногласно беше избран Тони Чаловски.
По точка 6: Немаше предлози за дискусија.
Собранието заврши со работа во 12:00 часот.
Претседавач, Тони Чаловски
Записничар, Никола Филипче
Оверувач на записникот Халим Бекири:
Оверувач на записникот Никола Питов:
Врз основа на член 42, став 4 од Законот за здруженија и фондации, Основачкото собрание на Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје, на седницата одржана на 11.11.2025 година, ја усвои следната:
Воведен дел
Оваа програма ги утврдува основните насоки, активности и проекти кои Здружение за заштита на правата на увозниците на месо АЛИМЕНТАРИА Скопје ќе ги реализира со цел остварување на своите статутарни цели. Програмата е отворен документ кој ќе се дополнува и прилагодува во согласност со потребите на членството и условите на пазарот.
Стратешки цели:
Цели на здружението се: * Застапување и заштита на заедничките економски и професионални интереси на увозниците на месо и месни производи. * Унапредување на условите за работа и развој на дејноста увоз на месо и месни производи. * Обезбедување на трговска заштита на членовите. * Меѓународно следење на регулативите за увоз на месо и нивна имплементација (ЕУ, ЦЕФТА, СТО).. * Воспоставување соработка со сродни здруженија од соседството и пошироко. * Активна комуникација и соработка со државните институции (Министерство за економија, Министерство за финансии, Царинска управа, Агенција за храна и ветеринарство, Државен пазарен инспекторат). * Институционална соработка за унапредување на закони, правилници и постапки. * Промовирање на добри деловни практики и стандарди за безбедност на храна.
Програмски активности:
За остварување на своите цели, здружението ќе ги врши следниве дејности: * Организирање на состаноци, трибини, семинари и конференции за прашања од интерес на членките. * Подготвување и доставување на предлози, иницијативи и мислења до надлежните државни органи за измена и дополнување на законската и подзаконската регулатива. * Информирање на членките за сите релевантни промени во домашните и меѓународните прописи. * Издавање на публикации, брошури и други информативни материјали. * Воспоставување соработка со домашни и странски организации и институции. * Обезбедување стручна помош и консултации за своите членови. * Вршење на други активности во согласност со закон
Временска рамка: Оваа програма се однесува на периодот од основањето на Здружението и ќе се ревидира на годишно ниво од страна на Собранието.
Датум: 11.11.2025 година Место: Скопје
Претседател на здружението/Претседавач на собрание, Тони Чаловски, с.р.